Претседателот и премиерот Хрватска Милановиќ и Пленковиќ со остра спротиставена реторика за спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Нивното несогласување е резултат на неодамнешната изјава на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ,по состанокот во Словенија кога истакна дека Македонија се наоѓа во невозможна позиција бидејќи држава-членка на ЕУ навлегува во нејзиниот „интимен простор“. Препукувањата не стивнуваат.
„Хрватскиот премиер шета наоколу и треска глупости како некоја баба за некакви напади, за некакво Вартоломејско претпладне за Бугарите во Хрватска. Велиш дека јас сум подбуцнувач, со што сум јас подбуцнувам. Со тоа што предупредив дека политиката на една држава, која Хрватите, да се разбереме, не ги засега кон друга држава, која нам ни е пријателска, е некоректна. Знаете, јас мислам дека тоа однесување е исто како ние сега да им го одрекуваме правото на Бошњаците својот јазик да го нарекуваат бошњачки, затоа што тој постои како таков последните 20 години. Или да им кажеме дека можете да го викаат бошњачки, ама морате да напишете дека тоа претходно бил хрватски јазик“, посочи Зоран Милановиќ, претседател на Хрватска.
Од друга страна претседателот Андреј Пленковиќ вели дека причина за наводен инцидент во Загреб во кој биле нападнати тројца бугарски државјани е причината односот на Бугарија кон Северна Македонија.
„Тој подбуцнувач и измамник е одговорен за пријавата што пристигна во Министерството за надворешни и европски работи и во службата на Владата на Хрватска од страна на Амбасадата на Бугарија за напад врз тројца, јас мислев дека се двајца, ама проверив и станува збор за тројца бугарски државјани во Хрватска. Зошто? Затоа што тој нешто зборувал на Брдо кај Крањ“, додаде Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.
Премиерот Зоран Заев не сакаше да ја коментира кавгата помеѓу претседателот и премиерот на Хрватска, велејќи дека не е запознаен, но и дека не сака да навлегува во тоа.