„Напад или посегнување по животот на лекар или здравствен работник, за првпат, ќе се смета како напад врз службено лице. Присилба,загрозување на сигурност, на лекари и здравствени работници ќе станат посебни кривични дела, кои ќе бидат внесени во измените на Кривичниот закон. Во истиот закон како кривично дело ќе се внесе и спречување на лекарите и здравствените работници во вршење службено дејствие. На овие законски измени, неколку месеци работевме со Лекарската комора и Министерството за правда. Лекарите и здравствените работници ја вршат најхуманата работа на светот и секој од нас треба да биде свесен за улогата која ја имаат. Понекогаш во нивната работа постојат предизвици кои не се во нивни домен и не можат да ги надминат, но тоа не значи дека треба животот да им биде доведен во ризик. Почитувањето меѓу лекарите, здравствените работници и пациентите е взаемно, напиша на својата официјална facebook страна министерот за здравство Венко Филипче.