Играчот на „црвените ѓаволи“ е најскапиот фудбалер на светот и вреди скоро 166 милиони евра..
Маркус Рашфорд, напаѓачот на Манчестер јунајтед, според Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС) има реална цена на пазарот од 165,5 милиони евра.
На оваа листа зад англискиот репрезентативец е Норвежанецот Ерлинг Халанд кој ги брани боите на Борусија Дортмунд (152 милиони). На третата позиција е фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд кој вреди 151,6 милион евра.
Четвртопласиран е Бруно Фернандеш од Манчестер јунајтед (151,1), а на петтото место е Килијан Мбапе од ПСЖ (149,4).
Лионел Меси кој има уште шест месеци од договорот со Барселона, се наоѓа дури на 97 место со 54 милиони евра, додека и покрај одличните перформанси, 35-годишниот Кристијано Роналдо е моментно на 131 место.