Напаѓачот на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски е веќе на разговор во полициска станица, неофицијално дознава Телма. Бислимовски вчера беше нападнат од сопственикот на фирмата „У пауер“ – Аријанит Џафери.
Фирмата „У Пауер“ е на листата фирми на Регулаторна за одземање лиценци на снабдувачи на електрична енергија кои не ги обезбедиле навреме и во целост количините на струја до потрошувачите со кои имаат склучено договори.
Аријанит Џафери е син на висок партиски функционер Муса Џафери. Засега против него нема кривична пријава, а од РКЕ велат дека евентуални притисоци нема да влијаат или да го сменат начинот на кој работат
Според изјавите на очвидците Џафери со својата придружба бил во истата кафена во Дебар маало и седел на маса во близина на Бислимоски. Во текот на вечерта во неколку наврати го провоцирал а потоа седнал до него на масата со објаснување дека сака да поразговара со него, но по неколку минути го нападнал. Џафери барал од Бислимоски да ја запре постапката против неговата фирма, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата.