Наоми Кемпбел неодамна стана мајка, а веста ја сподели на својот инстаграм-профил. Светски познатиот супермодел сега, откри како се чувствува во новата улога.
ФОТО | Наоми Кемпбел стана мајка на 50 години: Манекенката шокираше со објавата на Инстаграм
„Ви благодарам на сите за топлите пораки за поддршка и роденденски желби“, додава Кембел, која минатата сабота наполни 51 година. „И покрај предизвикувачката година што ја имавме сите, имаше толку многу благослови за кои сум многу благодарна. Со Божја помош ние наскоро ќе ја видиме светлината на крајот од тунелот, силата и упорноста“, истакна таа.
Кембел во минатото отворено зборуваше во врска со нејзината желба да стане родител, вклучително и во 2018 година, кога за „Vogue Arabia“ прозборе за тоа како децата секогаш успеваат да го извлечат најдоброто од неа.
„Би сакала да имам деца. Не се одрекувам од ништо во животот. Сакам деца и секогаш ќе ги сакам“, рече Кемпбел за списанието. „Кога сум околу деца, и јас станувам дете. Тоа е малото девојче кое никогаш не сакам да го изгубам“.
А во 2017 година Наоми рече дека размислува да стане мајка, но не брзала да ја оствари таа своја замисла. „Размислувам за тоа да имам деца цело време“, во тоа време изјави таа за списанието „Evening Standard“.