Наоми Кемпбел на крајот на 2020 година си ветила дека ќе престане да пуши цигари. Иако многумина пушачи ќе се сложат дека е многу полесно да се каже отколку да се направи.
Наоми вели дека овојпат е решена да не се врати на цигарите, и објасни дека ќе го одржи ветувањето.
„Престанав да пушам на новогодишната ноќ“, изјави Наоми за „Сан“.
„Секое попладне пливам во океанот еден час или два… Тоа ми помага да ги исчистам белите дробови затоа што се потребни 21 дена за да го исфрлите никотинот од вашиот систем“, вели таа.
Ова секако е тежок предизвик, бидејќи пливањето околу британските острови во моментов е речиси незамисливо, имајќи ги предвид ниските температури.
Како што вели, со години се борела да се откаже од пушењето. Ѕвездата, наводно, во минатото се обидувала со никотински фластери, а дури дала шанса и на хипноза за да се обиде да ја искорени навиката.
„Ми велеа дека цигарите се оставаат потешко од алкохолот. Не верував, но знаете што? Потешко е“, вели таа.
„Сè уште е борба. Всушност, само зборувајќи за тоа ме тера да запалам една цигара, па ајде да прекинеме, ве молам! Навистина се обидувам“, се пошегува Кемпбел.