Наместо Заев, утре во Белград до Вучиќ и Рама ќе застане вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, потврдија од Владата за Канал 5.

Иако вчера домаќинот, претседателот Вучиќ испрати сигнал дека одржувањето на иницијативата е под знак прашалник, од Белград денеска нема такво навестување, а од Кабинетот на Рама потврдија дека тој патува за Србија. Најавеното повлекување на Заев, втор ден се анализира и во регионот и во Србија, од каде повеќето проценки се дека без разлика на финалниот епилог, идејата Отворен Балкан ќе преживее и ќе продолжи да се развива.