Судот, по советување и гласање го прифати предлогот на Обвинителството, за укинување на мерката куќен притвор и му одреди ефективен притвор, до правосилност на пресудата на Сашо Мијалков.

Судијката Џенета Бегтовиќ ја задолжи полицијата Мијалков да биде спроведен од неговата домашна адреса во КПУ Затвор Скопје.

Мијалков во случајот „Таргет-Тврдина“ е осуден на 12 години затворска казна.