Иако играше само 31 минута на ЕУРО, тоа беше доволно за Усман Дембеле да се здобие со уште една повреда во кариерата.

Во првото коло против Германија во кое Французите славеа со 1:0 Усман Дембеле влезе во игра во последната минута од регуларниот тек на натпреварот, додека во второто коло против Унгарија (1: ж1) мина половина час на поле.

Излезе, ова ќе биде неговиот последен натпревар за Триколорите на овој турнир, бидејќи тој се повреди непосредно пред крајот на овој натпревар, па мораше да биде заменет.

Дембеле влезе во игра во 57-та минута, но само половина час подоцна побара замена и покажа дека не може да го продолжи мечот. Дешамп по натпреварот изјави дека не верува дека се работи за сериозна повреда, но не беше во право.

Имено, Дембеле беше подложен на дополнителни прегледи кои покажаа дека тој повторно ја повредил задната ложа.

Дембеле затоа ќе го пропушти остатокот од Европското првенство, а заздравувањето може да трае околу два месеци. Ова е голем удар и за Барселона, бидејќи Дембеле сигурно ќе го пропушти подготвителниот дел, но и почетокот на сезоната.

Според правилата донесени од „Програмата за заштита на ФИФА“, Барселона, како и секој клуб чиј играч е повреден за време на репрезентативната пауза, оваа организација ќе плаќа по 20.548 евра на ден, за максимум една година.

Да бидеме попрецизни, Барса ќе добие околу 7.500.000 евра поради повредата на Французинот.

За да може некој клуб да има право на оваа сума на пари, повредата мора да биде подолга од 28 дена од моментот кога ќе започне да се пресметува надоместокот, а за да го добие клубот ова, тој мора да ја пријави повредата до водечките тела на ФИФА , што Каталонците сигурно ќе го сторат.