Многу славни мажи кога зачекорија во третото доба добија наследници. Многумина се прашуваат, дали овие возрасни мажи над 60 години се себични со ваквата одлука и подобро е да се пензионираат и гледаат внуци, наместо допрва да се грижат за бебиња.
Велат дека љубовта не познава години и многумина се сложуваат со оваа поговорка. Но, исто така мислењата се поделени во врска со годините кога двојките стануваат родители.
Иако жените биолошки не можат да станат мајки на подоцнежни години, мажите го немаат тој проблем. Затоа во светот на славните гледаме примери на мажи кои стануваат татковци на старост.
Актерот од „Паркот Јура“, Џеф Голдблум, прв пат стана татко во јануари 2015 година откако неговата трета сопруга Емили Ливингстон, пензионирана олимписка ритмичка гимнастичарка (која е 30 години помлада од него), го роди синот кого го крстија Чарли Оушн. Тогаш Џеф имаше 62 години.
Ѕвездата на дизниевиот филм „Светот според Џеф Голдблум“ , повторно ги доживеа убавините на родителството во 2017 година, кога му се роди синот Ривер Џо. Тогаш Џеф имаше 64 години.
Откако во 2012 година се венчаше со втората сопруга Хиларија, Алек Болдвин доби дури шест деца. Тој и инструкторката по јога (која е 26 години помлада од него) го добија четвртото дете, синот Ромео, во 2018 година кога Алек имаше 60 години. Нивното петто дете е родено во 2020 година, кога Алек имаше 62, а неодамна сурогат мајка им ја роди ќерката Луција. Ѕвездата на филмот „Комплицирано е“, исто така има возрасна ќерка Иреланд, која ја доби во бракот со актерката Ким Бесинџер.
Фронтменот на „Ролинг Стоунс“, Мик Џегер во 2016 година, по осми пат стана татко на 73 години, кога 29 годишната девојка, балерината Мелани Хајмрик му го роди синот Деверо Октавијан Бејзил Џегер. Мик исто така е татко на седум возрасни деца со уште четири жени.
Гитаристот на истата група, Рони Вуд, стана татко на близнаци кога имаше 68 години. Тој и сопругата Сали (која е над 30 години помлада од него), ги дочекаа Грејсл и Алис во мај 2016 гпдина. Рони е исто така татко на возрасни деца – Џејми, Џеси, Лија и Тајрон од претходните врски.
Музичката ѕвезда Били Џоел ја доби ќерката Алекса Реј Џоел, со поранешната девојка Кристи Бринкли во 1985 година, а оттогаш дочека уште две деца. Вo 2015 година сопругата Алексис Родерик го роди нивното прво заедничко дете, ќерката Дела Роуз, кога Били имаше 66 години, а во 2017 година на свет дојде нивната втора ќерка Рејми Ен.
Сер Пол Макартни имаше 61 година кога го доби петтото дете, ќерката Беатрис, со сега поранешната сопруга Хедер Мајлс, која тогаш имаше 35 години. Пол има и возрасни деца Хедер, Мара, Стела и Џејмс, од бракот со покојната сопруга Линда Макартни.
Род Стјуарт има осум деца. Неговиот најмлад син Ејдан е роден 2011 година, кога Род имал 66 години, а сопругата Пени Ланкестер 40 години. Исто така, заедно го имаат синот Алистер. Род има уште шест деца од претходните врски: Сара, Кимберли, Шон, Руби, Рене и Лијам.
Ќерка му Кимберли веќе имала свое дете, ќерката Дилајла Дел Торо, само шест месеци пред да се роди Ејдан, што значи дека Род има внук и дете на иста возраст.
Роберт Де Ниро имаше 68 години, а неговата бивша партнерка Грејс Хајтауер 56, кога во 2011 година сурогат мајка им ја роди ќерката Хелен Грејс. Таа е најмладото дете на актерот кој ги има и возрасните деца- Елиот (со Грејс), Дрен и Рафаел (со поранешната сопруга Дајан Абот) и близнаците Џулијан и Арон (со бившата девојка Туки Смит).
Листата не завршува тука. Ги има уште многу музичари, актери и водители кои на подоцнежни години повторно ја доживеале магијата на татковството и уживале во првите чекори и зборчиња на своите наследници.