„Јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку веднаш да бара избори“, му порача министерот за здравство и лидер на АА Арбен Таравари, на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.

„Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет – шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку веднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат“,посочи Таравари.