Законот за намалување на ДДВ- то на електричната енергија од 18 на 5 проценти стапи на сила. Во службен весник се објавени усвоените измени кои пратениците ги изгласаа во петокот. Ова значи дека граѓаните за потрошена електрична енергија ќе плаќаат 5 проценти ДДВ до први јули 2022 година. Сепак јулските сметки кои граѓаните ќе ги добијат следниот месец ќе бидат повисоки, бидејќи поскапената струја од 12,3 проценти почна да се тарифира од 1 јули.

Advertisements

Прикажи повеќе