Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Стража, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Слаб снег кој не се задржува на коловозот провејува на Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Текстот Намалена видливост на планинскиот премин Стража е превземен од МАКФАКС.























