Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.

Сите патни правци во државата се проодни.

.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Текстот Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка е превземен од МАКФАКС.