Четворица пациенти од оние кои по пожарот се лекуваат во странство се наоѓаат во критична состојба. Ваквата информација укажува на намалување на бројот на критични случаи, кои пред два дена беа шест, додека вчера критични беа пет лица.

Портпаролката на Владата, Љатифи Азизи, во најновиот извештај за состојбата на повредените од пожарот во кочанската дискотека, сподели и дека се очекува за две недели да се вратат во земјата половина од 116-те пациентите кои се лекуваат во странство.

Што се однесува до повредените кои се примени на македонските клиники, од болниците денес ќе бидат испишани 16 пациенти кои ќе го продолжат лекувањето во домашни услови.

Обезбеден е тим хирурзи кој ќе остане во Кочани да поддршка на пациентите кои се лекуваат дома, избегнувајќи ги нивните напорни патувања во клиниките. Истотака, штипската болница располага со четири хирурзи.

Од Владата велат дека здравствените установи се максимално посветени, а во меѓувреме, истрагата продолжува со целосна ангажираност.