Едно од најзвучните имиња кое ова лето ќе дојде во РК Вардар е Едуардо Гурбиндо.
Тој за шпански медиум си ја отвори душата и проговори за тоа низ што поминал изминатиот период.
„Кога се повредив во мај 2019 година, мислев дека ќе минат четири или пет месеци, па ќе се вратам на терените. Се подготвував за тоа, но тогаш дознав дека морам да одам на нова операција во декември. Потоа морав да тренирам сам, пристигна и коронавирусот… И наместо пет, дојдоа дури 18 месеци.
Во тој период размислував 24 часа, додека бев затворен дома. Поминав тешки моменти на депресија. Беше многу тешко на физичко, но и на психичко ниво. И уште потешко ми беше што бев далеку од дома. Подобро ќе ми беше да ја имав Елена покрај мене“, изјавува шпанскиот ракометар.
Гурбиндо потпиша тригодишен договор.