Највредниот пехар за Светското првенство пристигна во Скопје.
Златниот пехар беше откриен од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски и бразилската легенда Жилберто Силва.
Инаку, во тек е турнеа на пехарот низ светот во пресрет на Светското првенство во Катар.
Воедно, од страна на бразилската ѕвезда, кој во 2002 го освои светското првенство со селекцијата на Бразил, Пендаровски на подарок доби реплика од пехарот, истиот кој им се доделува на освојувачите.