Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е слободен играч. Тој одлучи да не се врати во Сао Пауло по репрезентативните обврски, односно настапот на Олимписките игри. Причина е долгот на клубот кон него. Имено, поради пандемијата и финансиските удари, Сао Паоло и Алвеш имале договор за намалување на неговите примања, кои подоцна требало да му бидат вратени, односно исплатени. Тоа не се случило, па Алвеш одлучил да не се враќа во клубот. Бразилскиот тим соопшти дека соработката е раскината.

Станува збор за долг од 1,6 милиони евра. Инаку Алвеш е најтрофејниот фудбалер кој со клубовите во кои играл и бразилската репрезентација вкупно освоил 43 пехари. Тој има 38 години, а најдобрите моменти од својата кариера ги доживеал во Барселона.