Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманан денеска изјави дека една жена загина, а 15 се повредени во вчерашното невремето што ја зафати Франција.
Како што јави дописникот на МИА, првпат по 20 години, 65 департмани биле погодени од невреме, а пожарникарите имале 3.500 интервенции.
Поради 50.000 громови нарушен беше и железничкиот сообраќај во Франција, околу 15.000 домови останаа без електрична енергија, а во Париз поточно во Вансен беше откажан музичкиот фестивал Ви Лов, при што беа евакуирани околу 40 000 лица, исто како и 30.000 извидници на традиционалната смотра која се одржуваше во Шамбор.
Во парискиот регион беше затворен патниот сообраќај поради градот, уништени се повеќе земјоделски култури, а највпечатлива беше молњата што ја погоди Ајфеловата кула.