Најмалку 13 тела на цивили се извадени од под урнатините по воздушен напад врз фабрика за леб денеска во украинскиот град Макарив, во регионот на Киев, јавија локалните служби за итни работи.
„Рускиот окупатор го гранатираше државното претпријатие „Пекара Макарив“, во регионот на Киев, објави на Твитер, првата заменик министерка за надворешни работи на Украина, Емине Јапарова, споделувајќи фотографија од нападот.
Russian occupants shelled the State Enterprise “Makariv Bakery” in the Kyiv region.
It is known that 13 people killed. There were more people on the ground.
There is no limit to the immorality of the Russian occupants.#StopRussianAgression#StandWithUkraine pic.twitter.com/24vOG2vVNJ— Emine Dzheppar (@EmineDzheppar) March 7, 2022
Петмина се спасени, додека во фабриката, според информациите, за време на нападот имало околу 30 лица