Репрезентацијата на Холандија започна на најдобар можен начин на Европското првенство со победа над селекцијата на Украина со резултат 3:2.
Воведните минути од натпреварот целосно му припаѓаа на домашниот тим. Голманот на Украина Бушчан беше како на стрелиште, но тој успешно се спротивстави.
Чуварот на мрежата на гостите се истакна со одлични одбрани во втората и петтата минута кога Депај и Дамфрис се заканија. Посебно треба да се спомене неговата интервенција за ударот на Дамфрис.
Холанѓаните продолжија во ист ритам, а добрата игра се исплатеше во 52. минута кога новиот играч на ПСЖ, Вајналдум постигна убаво гол.
Само седум минути подоцна, домашниот тим ја удвои предноста преку Вегорст, кој се снајде најдобро во казнениот простор и ја погоди противничката мрежа.
Во тој момент беа високи 2:0, но Украинците не се предадоа.
Прво, тие го намалија водството со евроголот на Јаремчук, кој шутираше од околу 25 метри во голот на Стекеленбург. Дефинитивно досега најубавиот гол во Европското. Истиот играч го израмни резултатот само четири минути подоцна.
По нафрлувањето на Малиновски, играчот на Гент постигна гол со одличен удар со глава за одличното славје на малиот број украински навивачи на Арената во Амстердам.
Сепак, тоа не беше сè од овој одличен натпревар. На пет минути пред крајот на мечот, Дензел Дамфрис сепак успеа да се запише во листата на стрелците по одличното нафрлување на Аке.
До крајот резултатот не се менуваше, па селекцијата на Холандија освои три поени на отворањето на Европското првенство. Холанѓаните во второто коло на ЕУРО ќе играат против Австрија, додека Украина ќе ги одмери силите со Македонија.