Најдобрите 10 матуранти од гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” од Делчево заминаа на наградното патување низ Европа кое Општина Делчево традиционално го доделува по завршувањето на учебната година. За својот одличен успех Општината годинава ги награди најдобрите со наградно патување низ Шпанија.
-По избор на матурантите, наградното патување се состои во патување за Шпанија. Во рамки на турата која е со 6 полни пансиони во Коста Брава, предвидено е и разгледување на Венеција, Верона, Кан, Ница, Монако, Монте Карло и Милано, каде се обезнедени по едно ноќевање во Венето и Милано, информираа од Општината.
Вредноста на наградното патување е 300.000 денари и се реализира со средства од Буџетот на Општина Делчево.
Наградното патување низ Европа за најдобрите 10 матуранти од делчевската гимназија како што додаде делчевскиот градоначалник Горан Трајковски е традиционална награда и Општина Делчево ја доделува со цел мотивирање на средношколците за постигнување одлични резултати во образовниот процес.