33-годишниот стручњак го замени Ханси Флик на клупата на баварскиот гигант и ќе стане првиот Бавар кој го води тимот од Минхен.
Нагелсман зборуваше за Билд за новите предизвици на клупата на Баерн.
“Знам дека Баерн е свесен дека сум од овој регион, но нема да уживам во придобивки поради моето потекло. Иако сум Баварeц, ќе морам да бидам успешен да останам во клубот”, изјави Bулијан Нагелсман за Билд.
33-годишниот стручњак открива дека не планирал да го напушти РБ Лајпциг.
“Не планирав да заминам по две години поминати во Лајпциг. Сè се смени кога Ханси Флик реши да го напушти Баерн. Сакав да освојам трофеј со Лајпциг и поразот во финалето на Купот е големо разочарување за мене”.
Нагелсман е свесен дека навивачите и управата на Баерн секогаш имаат големи очекувања.
“Очекувањата во Баерн се секогаш големи. Ние секогаш ја сакаме титулата, освојувањето на Купот и најдобриот можен резултат во Лигата на шампионите. Подготвен сум за овие предизвици”.
“Имам јасен план за живот. Не знам дали ќе ја работам оваа работа уште 20 или 30 години. Свесен сум дека ова е работа од соништата и сум благодарен за оваа вистинска привилегија. Очекувам да работам на Баерн и ќе бидам целосно посветен на работата “.
Одличниот млад стручњак е среќен што неговото име се става рамо до рамо со Пеп Гвардиола, Јирген Клоп и Томас Тухел.
“За мене е голема чест што моето име се поврзува со одлични тренери. Сè уште немам освоено ништо, за прв пат сум во голем клуб и треба прво да се докажам”.
Тој дефинитивно со нетрпение очекува да работи со некои од најдобрите играчи на свеќи.
“Ќе биде многу интересно да се работи со најдобриот фудбалер во светот (Левандовски), но исто така и со Мулер, Нојер, Кимих и други. Возбуден сум поради тоа и со нетрпение очекувам да имам можност да работам со вакви одлични играчи. Јас слушнав многу добри работи за нив. “.
Нагелсман го прогласи хрватскиот фудбалер Андреј Крамариќ за најдобар со кој досега работел во неговата кариера.
“Андреј Крамариќ е вистински пример за вистински развој и неверојатна постојаност. Тој е одлично момче, секогаш дава максимум и заслужува ваква позитивна кариера”.
Нагелсман потпиша петгодишен договор со Баерн, а во својата тренерска кариера, која ја започна во 2016 година, работеше и во Хофенхајм.