
Валмир Нафиу се врати во стројот на Шкендија и тренира со пол интензитен. По 25 дена пауза напаѓачот тренира со остатокот од тимот и ќе биде подготвен за настап за последните шест натпревари од есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
28-годишниот Нафиу доби силен удар во ногата на дуелот со Гостивар и ги пропушти последните четири натпревари на Шкендија. Лекарскиот тим на тетовчани одлично си ја заврши својата работа и офанзивното крило сега е подготвено за максимални оптоварувања и продолжува да работи со тимот без никакви проблеми.
Шкендија својот следен натпревар во ПМФЛ го игра в среда на гости кај Скопје во Автокоманда, а потоа следниот викенд ќе се судри со Силекс во Кратово.