Пишува: Атанас Величков

Надгробната плоча на еден од најголемите противници и ренегати на историското ВМОРО/ВМРО Тодор Паница ќе се најде во колекцијата на Музејот на Македонија. За патриотското дело на Петар Кајевски, Дарко Стојанов и Марија Милчин, кои живеат во Виена, можете да прочитате на следниот линк во сајтот „Сакам да кажам“.

Како што „патриотски“ се наведува во материјалот објавен во СДК, надгробната плоча на Паница, инаку напишана на бугарски јазик на латиница, платена и поставена на гробот на ренегатот на Централните гробишта во Виена од група непознати „серски другари“, наместо во музејот во Софија, ќе биде дел од колекцијата на Музејот на Македонија.

Надгробната плоча на Тодор Паница, кој поголемиот дел од својот живот го поминува во предавства и бегство поради истите предавства, како слуга на непријателите на ослободителното дело на македонските Бугари, нема место во ниту еден музеј во Бугарија, ниту дури во оној на социјалистичката уметност, кој беше отворен пред речиси 12 години во Софија. Местото на таа плоча е токму во Музејот на Македонија, затоа што со своите активности физичкиот убиец на Борис Сарафов и Иван Гарванов, заслужил да биде почитуван од идеолошките деца на македонизмот во неговата најчиста антибугарска форма.

Талкањето на убиениот во Бург театар во Виена ренегат симболично завршува. Плочата на подлиот убиец, осуден на смрт од ВМОРО во 1908 година за време на Ќустендилскиот конгрес на Организацијата си дојде дома. Не во Орјахово Бугарија, каде што во 1879 г. е роден дотичниот, туку во неговиот вистински дом, каде што неговото предавство се оправдува, а одредени кругови го сметат за пројава на голем патриотизам.

Надгробната плоча на Паница може да се смета како една нова реликвија на македонизмот и на современите етнички Македонци. Може дури да биде добар почеток за завршување на оние внатрешни поделби што го мачат општеството на РС Македонија. Современите етнички Македонци веќе имаат пред што да го изразуваат својот восхит, без да се плашат дека некој од Бугарија ќе им го оспорува тоа право. Тодор Паница е предавник на бугарските национални интереси, има ли поголема причина за тоа, неговото дело да биде почитувано овде?

Македонците, што го зачувале својот бугарски идентитет, знаат многу добро, како и зошто сопругата на Ванчо Михајлов, Менча Крничева го застрелала предавникот и тие ќе продолжат да го чуваат споменот за неа и нејзиниот сопруг жив. Тоа треба да биде прифатено од оние што, грандомански ќе се кичат со предавствата извршени од Паница и ќе ги толкуваат како виша форма на македонски патриотизам.

Убаво е конечно да разбереме кој каде припаѓа и да се помириме со ситуацијата. Едните кај Паница, другите кај Михајлов. Прашањето е дали официјалната власт во РС Македонија е созреана тоа да го прифати. Во духот нели на 21-виот век и европските вредности, за кои вели дека се залага и работи.

За жал денешната изјава на премиерот Ковачевски, дека законот со ретроактивно дејство изгласан специјално против здруженијата на македонските Бугари „Иван Михајлов“ во Битола и „Цар Борис III“ во Охрид ќе биде спроведен покажува нешто сосема друго. Ќе треба да почекаме за т.нар. помирување со реалноста, бидејќи нека не забораваат софијските пријатели на овдешните наследници на Колишевски, дека покрај етничките Македонци, во РС Македонија постојат и етнички Бугари. Од таа фактичка состојба нема бегање, колку и да се трудат од Кружокот на софијските македонисти, да ги етикетираат тие, кои не мислат како нив, не одат на исти конференции со нив и не веруваат во зборови, туку очекуваат дела од моменталната владејачка елита.

Меѓудругото премиерот Ковачевски денеска си дозволи од собраниската говорница да побара од Бугарија да ги спроведе одлуките, пресудите на сите меѓународни судови, алудирајќи на пресудите донесени во Стразбур во интерес на нелигитимните во Бугарија ОМО Илинден и ОМО Илинден ПИРИН. Премиерот Ковачевски најверојатно е запознаен со фактот дека Бугарија им исплатила оштети на лицата поврзани со ОМО Илинден и ОМО Илинден ПИРИН, кои ја осудиле во Судот за човекови права. Со тоа прашањето може да се каже дека е затворено. Во 2018 г. на пример Бугарија ѝ исплатила на ОМО Илинден ПИРИН 33 илјади евра, како оштета. Како што вели онаа народната и волкот сит и јагнето цело.

Ковачевски си дозволи да изрече и една ноторна лага, а имено дека РС Македонија не преговара со Бугарија, туку преговара со ЕУ. Бугарија е дел од ЕУ, а тоа значи дека РС Македонија преговара и со Бугарија, поентите со кои се служи премиерот и кои наликуваат многу на предизборно пумпање на некакви патриотски позиции, го покажуваат вистинското лице на владејачката гарнитура во Скопје.

Подлиот и надмен однос кон Бугарија и Бугарите ќе останат на менито за докажување на современиот македонскиот патриотизам. Онаков каков што им доликува и им се припишува на предавниците како Тодор Паница, Георги Димитров, Тодор Павлов, Гео Пирински и уште многу други. Доброто во случајот е што маските одамна паднаа и секој сам може да избере каде припаѓа. Зарем има нешто подемократско од тоа?