Следната недела (14 март) започнува еден од најатрактивните АТП турнири, а тоа е турнир во Дубаи.
Оваа година организаторите му испратија вајлд-карта на Рафаел Надал, сепак, Шпанецот го откажа својот настап во Дубаи и со тоа ги „разочара“ организаторите.
“Благодарам на луѓето од Дубаи за поканата. Зборував со мојот тим за доаѓање на турнирот, но мислам дека не сум подготвен за вистинското ниво што го бара таков турнир. Уште еднаш, благодарам на организатори и со среќа на турнирот “, рече Надал.
Ѓоковиќ ја освои титулата во Дубаи минатата година, а Федерер ќе биде таму годинава.