Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица.

„Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи“.

Во организација на Министерството, превентивни тимови од здравствени установи низ државата започнаа со вакцинација против сезонски грип и во домашни услови, на повозрасни и неподвижни лица, како и лица со попреченост, соопштија од таму.

Текстот Над 60 илјади лица пријавeни за вакцинација против сезонски грип-превентивни тимови ќе вакцинираат и во домашни услови за повозрасни и неподвижни лица и инвалиди е превземен од МАКФАКС.