Повеќе од 200 лица се повредени во железничка несреќа во Куала Лумпур, соопшти министерот за транспорт на Малезија.

Според „Малај меил“, два воза, од кои едниот бил празен, се судриле вечерва во 20:33 часот по локално време. Во вториот воз имало 232 лица.

Според изјавата на локалниот шеф на полицијата, 47 лица се тешко повредени, а 166 добиле полесни повреди, пренесува Ројтерс.

Тешко повредените се пренесени во болница.