Полицијата во Брисел соопшти дека привела 132 лица кои вчера учествувале во нелегална забава во еден парк, во знак на протест против рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.
Во судирите се повредени околу 15 демонстранти и полицајци.
На собирот, кој е втор за еден месец, се собрале околу 2.000 демонстранти, а полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера луѓето.
Демонстрантите извикуваа „Слобода!“ И „Каде е забавата? Еве ја забавата!“, а некои од нив фрлаа разни предмети кон полицијата.
Собирот се одржа една недела пред олеснувањето на епидемиолошките мерки.