Националната опера и балет во Скопје на 16 септември ја отвора новата сезона со операта „Лидија од Македонија“, во режија на познатиот оперски режисер од Бугарија Пламен Карталов, јавува бугарскиот дневен весник „24 часа“, пренесува Трибуна.

„Лидија од Македонија“ е напишана во 2001 година. Нејзин автор е Ристо Аврамовски и важи за една од најдобрите македонски опери. Создадена е по налог на тогашниот Македонски народен театар. Либретото е на Ги Шели и Дора Петрова од Франција.

„Ова е библиска приказна за животот на Света Лидија, која се смета за прва христијанка во Европа“, вели Пламен Карталов. Своите сеќавања ги комплетира со приказна за местото каде што се наоѓа богослужбениот храм пред светицата, кој се наоѓа во близина на античкиот град Филипи, недалеку од Кавала. Таму, во прекрасниот антички амфитеатар, на покана на градоначалникот на Кавала, Константинос Симитсис, во 2013 година, софиската опера ја претстави операта „Дон Карлос“ од Џузепе Верди во рамките на фестивалот „Филипи Тасос“.

Во Скопје претставата „Лидија од Македонија“ ќе ја диригира Иван Еминовиќ, а режисер на претставата ќе биде Трајко Јордановски. Сценографијата на Панче Минов и костимите на Елена Дончева се спектакуларни. Во улогата на Лидија ќе настапи Наде Талевска-Спасовска, а улогата на Свети Павле ќе биде за Игор Дурловски.

Операта повеќепати се враќаше на репертоарот на театарот по нејзината премиера под режијата на Пламен Карталов. Беше претставена и на меѓународниот фестивал „Охридско лето“.

Легендите за светицата го водат својот почеток од првите денови од воспоставувањето на христијанската вера. Лидија, која ја ги боела со пурпурна боја ткаенините за римските сенатори, го засолнила апостол Павле за време на неговите патувања опишани во Дела на апостолите. Таа и нејзиното семејство го прифатиле христијанството и биле строго казнети од Римјаните. Се верува дека Лидија е првата европска христијанска светица.