Експертите велат дека ставот на една личност при одењето или стоењето може да открие многу работи за неговата личност и за тоа колкава самодоверба има.
Психолозите разгледаа три ралични начини на одење кај луѓето и ги изнесоа своите заклучоци, погледнете дали ќе се пронајдете во нив…
Лесно сте подгрбавени
Оние кои никогаш не го исправаат грбот во целост и честопати се малку подгрбавени, имаат и мала самодоверба. Тоа ја открива личноста која е научена на конфликти и тага – велат психолозите.

Елегантениот став е измама
Некои луѓе лесно се нишаат при одењето, а тоа не му обезбедува стабилност на телото. Ова покажува дека овие луѓе често се чувствуваат беспомошни, дека се ранливи луѓе кои постојано размислуваат премногу.

Главата малку навалена напред
Луѓето кои се хиперактивни или немирни често заземаат позиција за одење со навалена глава нанапред. Бидејќи ‘рбетот не е во правилна положба, можно е да имаат и болки во грбот. Таквите луѓе, како што велат психолозите, постојано ги преиспитуваат своите и туѓите постапки.