Собранието втор ден расправа по Дополнетиот предлог-буџет за 2021 година. Пратениците изнесоа ставови за поддршка и против предлогот, но и за актуелните прашања за Бугарија, за предлогот за предметот историја и негово спојување со општествените предмети, за предлогот за законот за државјанства, а беа претставени и некои иницијативи.

Пари во буџетот има, ги увери заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски.

-Во буџетот има пари како што е проектирано. Првиот квартал има поголеми приходи во одос на 2019 година за 4 отсто, во вториот има 16,8 отсто пад, бидејќи тоа беше најпогодениот квартал од кризата, третиот квартал има 2,7 проценти пад, четвртиот квартал во октомври има 3 проценти прибрани повеќе даноци во однос на октомври лани, а во ноември се на исто ниво како и ноември 2019 година, истакна Ковачевски, кој додаде дека проекциите за следната година се правени на основното сценарио за раст на БДП со присуство на вакцина против ковид во прв квартал и прибирање приходи и раздолжување на она што доспева во 2021 година.

Владо Мислајловски од ВМРО-ДПМНЕ го оцени како неразвоен буџетот, во кој, како што рече, нема доволно средства за ниту една општина, нема ниту една голема капитална инвестиција, освен што е во најава Клиничкиот центар, кој ќе се полни од продажба на државни компании, со казни…

-Тоа не е добра стратегија, лесно е да се продава,тешко е да се обновува, потенцира Мисајловски, кој праша кои капитални проекти ќе почнат во 2021 година и ќе раздвижат 20-30 економски гранки.

Забележа дека додека се расправа за буџетот, во Собранието по скратена постапка се носат закони по скратена постапка кои имаат суштинско значење, како оној за државјанства кој не е добар и мора суштински да се промени и ќе добие многу амандмани.

Опозициските пратеници наведова дека буџетот е скандалозен, нема да обезбеди финансиска косолидација, туку ќе предизвика зголемување на јавниот долг кој ќе достигне 67 проценти, буџет кој не е ниту развоен, ниту реален, ниту избалансиран и дека нема приоритети во буџетот, како и тоа дека апсолутно се промашени проекциите.

Петар Ристески, пратеник од Прилеп се осврна на состојбата со откупот на тутунот ги повика да отидат заедно со оние што простестираат кај откупувачите, а остави тутун на говорницата за, како што рече, да ги потстеи како ги крадат граѓаните преку овој буџет.

Поддршка на вака предложениот буџет како што се изјани нема да даде и пратеникот Хусни Исмаили, кој го оцени како штетен и дискримирачки и кој не одвојува доволно средства за проекти во културата.

За Снежана Калевска – Ванчева од СДСМ буџетот обебедува одржливост, рационално трошење со оптимизација на расходите во адрминистрацијата, а капиталните инвестиции се за 20 проценти повисоко планирани.

За нејзината сопартијка Лолита Ристовска ќе овозможи подобро здравје, и е развоен бидејќи капиталните инвестиции не само што се добро планирани за 2021 година, туку и во наредниот период,, преку новиот начин на планирање на проектите кои ќе се реализираат во повеќе години.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, со кој и почна денешното продолжение на расправата по дополнетиот предлог буџет, рече дека буџетот се развоен и со него се дава приоритет на капиталните инвестиции, но предложи да се размисли пратениците да ги кажат своите предлози и идеи во подготвителната фаза на предлогот, како и моќноста пратеници од иста општина заедно да предложат проекти кои треба да бидат поддржани. – Можеби во оваа фаза ќе има повеќе можност да се прифатат, посочи Трајанов.

Посочи на тоа дека недоставуваат кадри и проекти за имплементација на проекти поддржан од ЕУ фондови и предложи да се обезбеди финансискак поддршка за отворање на над 300 консалтинг фирми кои ќе подготвуваат проекти и ќе даваат помош за подготвување проекти.

-Буџетските средства, според него, треба да се насочат кон имплементација на европските стандарди, големите реформи во судскиот систем, во јавната администација и други области, но посебно ја издвојувам борбата против корупцијата и криминалот, кој полека ја нагризува и јаде државата, речеТрајанов.

Додаде дека во услови кога се напаша нашито идентитет треба да се финансираат проекти и кои ќе бидат насочени кон зачувување на тоа. -Ни треба и пишувана историја, наша автентична македонска историја, рече Трајанов, кој оцени дека треба да се отвори расправа за евроинтеграциските процеси.

-Да изградиме единствена стратегија, бидејќи наш државен стратешки приоритет е да бидеме дел од ЕУ. Декларативно имаме и граѓански и политички консензус, но мислам дека е добро сите партии застапени во Парламентот да дадат свој придонес во градење на таа стратегија. Се залагам Владата да подготви предлог акциски план во кој ќе бидат дефинирани приоритетите и тој да дојде во Парламентот и ние да се произнесеме по него, рече Трајанов кој порача дијалогот да се префрли во Палрманетот каде политчките партии ќе ги кажат своите ставови и идеи за иднината на државата.

Како неприфатливи ги оцени ставовите на бугарската страна за непостоење на македонскиот народ и јазик и апелраше дека во овие исклучително сложени моменти за нашата држава е битно пратеницте да градат единство и да ја чуваат Македонија.

Со ставот на Трајанов се согласи Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Навистина дијалогот треба да се води во Паламрнетот. Но за жал не е така. Ние пратениците сме најодговорни при носење закони и затворање на некои горливи ситуации, погледите се во нас, а потоа немаме видување, каква е состојбата по одредени законски решенија, рече Мицевски.

Неговиот сопартиец Зоранчо Јованчев истакна дека е потребен национален консензус за националните интерси и дека како ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати го бараат тоа.

Дебатата по дополнетиот предлог буџет за 2021 година почна вчера во Собранието, а согласно деловникот трае најмногу пет работни дена.