Интелегенцијата или „брилијантниот ум“ денес е главно поврзан со имиња како Илон Маск и покојниот Стив Џобс, но највисок коефициент на интелигенција има жена која е малку позната во јавноста, а нејзиното име е Мерилин вос Савант.
Мерилин има 76 години, родена е во Мисури, а нејзините родители емигрирале од Германија и Италија. Нејзиното детство било без назадувања и немало знак што да покажувал дека ќе биде поинаква.
Нејзиниот коефициент на интелигенција за прв пат бил измерен кога имала десет години и заклучокот бил дека таа била психички на ниво на 22-годишник, а резултатот бил 228. За споредба, просечниот коефициент на интелигенција на обичен човек е помеѓу 85 и 115.
Иако се покажало уште во раното детство дека мозокот на девојчето е исклучителен, нејзините родителите решиле да ја сокријат таа информација од јавноста затоа што сакале нивната ќерка да има нормално детство.
Кога дошло време да се запише на факултет, по направениот избор и студиите истиот и здодеал по две години. Таа започнала да гради кариера во светот на недвижнините и берзата. Нејзината голема страст било пишувањето. Се откажала од работата со недвижнини за да може да стане писателка. Таа пишувала бројни раскази, но под псевдоним затоа што не сакала да се најде во центарот на вниманието.
1988 година го променил нејзиниот живот. Коефициентот на интелегенција на Мерилин од 228 стигна стигнал до Гинисовата книга на рекорди и таа одеднаш се прославила.
Интервјуата и телевизиските емисии станале составен дел од нејзиниот живот, но тоа не влијаела драстично на неа. Станала интересна за широката публика дури откако нејзиниот лик стигнал до анимираната серија „Симпсонови“ во 1999 година.
Животот како сопруга, мајка и успешна колумнистка минувал нормално за Мерилин. Таа се омажила за хирург кој развил механичко вештачко човечко срце. Оние што го следеле нејзиниот пат ја обвинувале за изборот на тривијален живот и негодувале што не ја користела поинаку нејзината интелигенција. Добивала и бројни пораки од многу револтирани луѓе, но и од оние кои шпекулирале дека можеби не е генијалец.
Во едно од интервјуата што ги имала дадено, таа изјавила дека коефициентот на интелигенција е само можност за користење интелигенција и дека таа не е калкулатор, туку нормално човечко суштество.
„Секој има способност да биде барем еден Ајнштајн“, изјавила Мерилин.
И покрај сè, Мерилин сметала дека била на вистинскиот пат.
„Општеството ни нуди толку многу. Не мислам дека правиме доволно за да му вратиме, но мислам дека сите ние носиме општествена одговорност, ја имам и јас. За мене, пишувањето е одличен начин да им го вратам на луѓето она што ми го дадоа“, изјавила таа.