Германскиот весник „Дие Велт“ тврди дека два меча на овогодинешниот Вимблдон се наместени.
„Дие Велт“ доби извештаи за големи исплати и уплати на два грен слем натпревари во Лондон, каде победи Новак Ѓоковиќ, откако во финалето во четири сета го победи Италијанецот Матео Беретини.
За Новак тоа беше 20-та Грен слем титула и со тоа тој беше изедначен на списокот со Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Што се однесува до наместени или поточно сомнителни натпревари, тоа е еден натпревар на машки парови и еден натпревар во првото коло од машката индивидуална конкуренција.
Првиот сомнителен натпревар, машки двојки, не беше именуван, но се наведува дека двајцата тенисери го добија првиот сет, а потоа ги загубија следните два сета по огромните уплати за нивниот пораз.
Вториот сомнителен натпревар е мечот на кој играше германски тенисер, но тешко е да се каже кој, бидејќи во 1. коло на Вимблдон имаше седум Германци.