Утрово е направена втората трансплантација на коскено ткиво од починат донор на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тимот на д-р Александар Трајановски извел сложена операција кај 40-годишна пациентка од Штип, која минатата година при сообраќајна незгода се здобила со скршеница на десната бутна коска.

Поради незараснување на скршеницата кај пациентката, денеска на тоа место ѝ било трансплантирано коскено ткиво од починат донор.

Ова е втора трансплантација на коскено ткиво од починат донор на оваа клиника. Пред два месеца беше трансплантирана коска кај млада пациентка која се лекува од малигна болест на коските.

Уште еднаш благодарност до семејството на донорот за нивниот хуман гест и до тимот на лекари кои ја направија трансплантацијата. На пациентката ѝ посакуваме брзо опоравување, соопшти Филипче.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.