Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30-45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Текстот На Табановце се чека околу 45 минути, зголемена фреквенција на возила поради летните одмори е превземен од МАКФАКС.