На социјалните мрежи се прошири видеоснимка од необична сцена во Сараево.

Тиктокерката Адела сними многу врани кои ноќе се собираа во градот. „Не верувајте во убавите видеа, овие врани сепак ми ја одбележаа годината затоа што сè уште сонувам за нив“, напиша таа во описот на објавата.

Но, Ајла Алишах од Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево тврди дека ваквите сцени воопшто не се невообичаени.

@adeladesign Ne vjerujte lijepim videima, ipak su mi ove vrane obiljezile godinu jer jos uvijek ih sanjam. #sarajevo #birds #creepy #fy #fyp #foryou #foryoupage #tiktok #tiktokbalkan #fypシ #video #viral ♬ Creepy Violins – Apollo Nove

Постојат три можни причини, смета таа. Од една страна, во тоа време има помалку луѓе и автомобили, така што им е полесно да стигнат до изворите на храна. Друга можна причина е дружењето на врани, бидејќи сезоната на парење наскоро започнува, а овој метод е идеален за наоѓање партнер. Но, третата е таа што настана поради луѓето.

Тоа е промена во самата животна средина, односно количината на достапна светлина, која кај сите суштества, а особено кај некои видови птици како домашната живина, доведува до фотостимулација, односно лажно продолжување на периодот на денот.

Причина за тоа, како што се претпоставува, би можело да биде силното улично и околно осветлување, т.н светлосно загадување, што прави птиците да се чувствуваат некако безбедно. Нивната територија е осветлена, како и изворите и достапноста на храната и со тоа тие не се чувствуваат загрозени од потенцијалните предатори“, изјави Ајла за Радио Сараево.