Нема прием на ниту еден пациент со компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие во скопските Ковид-центри, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје вкупно се лекуваат 46 болни, од кои 7 се во Ковид-центарот на Институтот за ТБЦ, во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ има 14 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.
Во болниците низ земјава лежат вкупно 80 пациенти.