Еве како изгледа и од што се прави најскапиот сладолед во светот! Сладоледот „Serendipity’s Golden Opulence Sundae“ веќе со години е најскапиот сладолед во светот и чини вртоглави 1.000 долари, или нешто повеќе од 800 евра.

Ако се прашувате зошто е толку скап, три топки сладолед од ванила доаѓаат покриени со листови од 23-каратно злато, бадеми, кавијар и орхидеи од злато кои се прават дури осум часа!

Youtube
Принтскрин / Youtube

Исто така се става кандирано овошје, но не какво било овошје, туку овошје со највисок квалитет и тоа директно од Париз!

За да се зголеми цената малку повеќе, овој „златен сладолед“ се сервира во кристални чаши кои чинат околу 350 долари, и е обложен со златни листови направени од 23-каратно злато.

youtube
Принтскрин / Youtube

Логично, овој вид на сладолед не се јаде со каква било лажица, туку со лажица направена од 18-каратно злато. Најскапиот сладолед на светот содржи и врвно чоколадо од Тоскана, а зрната ванила се увезуваат специјално од Мадагаскар. Уште некои состојки се карамелизиран пекан, тартуфи од бело чоколадо, дијаманти за јадење