Германскиот епидемиолошки институт „Роберт Кох“ објави дека луѓето вакцинирани против корона вирусот немаат никаков ризик од пренесување на заразата, по што германскиот министер за здравство Јенс Шпан објави најави ублажување на мерките за вакцинираните.
– Кој е целосно вакциниран, во иднина мора да се третира како и луѓето со нов негативен тест за коронавирусот, рече Шпан во интервју за неделното издание на весникот „Билд“.
Тој се осврна на извештајот на државниот епидемиолошки институт „Роберт Кох“, од кој произлезе дека можноста за пренесување на коронавирус е помала кај лицата кои биле целосно вакцинирани отколку кај лицата кои имале негативни тестови.
Според најновите откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај лица кои биле вакцинирани, најдоцна 15 дена по примањето на втората доза на вакцината, е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус, се вели во извештајот на институт Роберт Кох.
Според институтот, луѓето кои примиле втора доза вакцина треба да бидат изземени од задолжителни тестови и карантин.
Германскиот министер за здравство рече дека извештајот на Институтот бил испратен вчера до федералните провинции со цел лицата кои биле вакцинирани што побрзо да се ослободат од обврската за тестирање и самоизолација.
Вакцинираните лица на тој начин би можеле да имаат пристап до услуги како фризери или влегување во продавници или музеи каде што е потребен нов негативен тест.
– Следните недели, во разговори со покраинските власти, треба да ги спроведеме новите мерки, рече Шпан
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.