На 14.01.2022 во 22.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино на регионалниот пат Неготино-Велес, во близина на с.Ногаевци, во патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, пронашле осум лица мигранти, од кои пет од Сирија и три од Сомалија.
Со лицата бил извршен службен разговор, по што биле сместени во Прифатно транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија. Се работи на расчистување на случајот.