На првиот ден од воведувањето на полицискиот час, мерката ја прекршиле 12 лица, информира Министерството за внатрешни работи.

Од вчера во 22 часот до 5 часот утрово започна полицискиот час, а оваа рестриктивна мерка ќе важи секој ден сѐ до 22 март со цел спречување на ширењето на ковид-19.

Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски, направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови.

Спасовски најави и санкции за оние што нема да ја почитуваат забраната.