Македонски Телеком го прекина реемитувањето на рускиот канал „Раша Тудеј“ (РТ) во земјава.

„Ве известуваме дека согласно Одлуката на Владата и истата рефлектирана преку Одлука на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, реемитувањето на овој канал не е повеќе дозволено“, пишува во известувањето од Македонски телеком доколку на вашиот телевизор го одберете каналот РТ.

Владата неодамна излезе со препорака за прекин на реемитувањето на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.