Инсајдер ИД трета година по ред анализира кои се најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија. Истражувањето се базира на мислењето на потрошувачите во однос на тоа кој е најпознат бренд без разлика дали активно го консумираат брендот. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1,250 активни потрошувачи во Македонија за 17 различни категории на производи.
Во Македонските маркети се нуди широк асортиман на млечни производи особено во категориите Млеко и Јогурт. Во однос на конкуренцијата на пазарот, важно е да се напомене дека потрошувачите споменале вкупно 15 домашни и странски брендови во категоријата „Млеко“ и категоријата „Јогурт“. Во првата категорија „Млеко“, потрошувачите со 68% имаат избрано бренд од домашна компанија, додека пак 32% од странска компанија, во однос на тоа каде се произведува. Во категоријата „Јогурт“ повторно поголем процент од потрошувачитеимаат избрано домашен наспроти странски бренд со 81% наспроти 19%.
И во двете категории повторно на првата позиција ја заземаат брендовите на Битолска Млекара, Битолски Јогурт и Битолско Млеко како најпознати брендови за македонските потрошувачи. Нивната позиција е стабилна на нашиот пазар и нема значајна промена во однос на истражувањата од изминатите две години. Тие бележат високо учество од 54% односно 46% од вкупно обработените резултати во двете категории.
За компанијата: Согласно анализата на карактеристиката препознатливост, брендовите на „Бимилк“, Битолски Јогурт и Битолско млеко се издвојуваат на пазарот и заземаат значајна позиција во перцепцијата на македонскиот потрошувач. Денешниот изглед на брендот претставува резултат на долгогодишно искуство во производството на течен асортиман кое влече корени од 1952 година проследено со континуирано унапредување на квалитетот. Широкото портфолио на компанија и успешната комуникациската стратегија на истото овозможува запознавање со брендот со сите групи потрошувачи и доближување до нивните вкусови и потреби. Исто така, како компаративна предност на брендот „Бимилк“ претставува флексибилноста при промена на трендовите на пазарот и унапредување на брендот преку лансирање на нови производи.
Категориите кои се дел од овогодинешното истражување „Најпознати брендови за потрошувачите во 2022 година“ се: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана Вода, Негазирана Вода, Здрава Храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) Кафе, Природни Сокови и Сончогледово Масло.
Превземено од Insider.mk