Месото и сувомеснатите преработки по велигденските празници може да поскапат до 40 отсто. Од месната индустрија се заканија дека драстично ќе ги зголемат цените доколку Владата не дозволи зголемен увоз на смрзнато месо. Од месната индустрија побара и да се врати мерката за укинати царински давачки за увоз на замрзнато свинско месо наменето за преработка.
„Не е носење на нова одлука туку барање за продолжување на веќе донесена одлука, со тоа што бараме да се доодобрат скратените количини од првата мерка. Значи барањето не ни е ново, туку барање за веќе донесена одлука за скратени количини“, рече Гоце Трајчев Групација на месна индустрија.
– Advertisement –
Од месната индустрија велат дека зголемување на цените е глобален тренд и тие имаат зголемени трошоци, иако тврдат дека засега не направиле корекции на цените на свежото месо и на сувомеснатите производи. Од оваа групација порачаа дека за да не доаѓа често до вакви неизвесности, нивните барања треба да се преточат во законско решение кое ќе стави ред во дејноста. Некои од членките на месната индустрија веќе ги продаваат своите производи по нови, повисоки цени.
Иле Петревски