Доколку се потврдат овие наводи може да дојде до голем скандал во Премиер лигата.
Саутемптон на натпреварот кој се играше на 4. јануари го совлада Ливепрул со минимални 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Дени Ингс кој најверојатно тој натпревар го играл позитивен на ковид-19.
Иако натпреварот се играше пред точно 10 дена, наодите од тестирањата кои пристигнаа во седиштето на Премиер лигата укажуваат дека напаѓачот на Саутемптон бил позитивен на коронавирус. Ингс победничкиот гол го постигна во 2. минута, а теренот го напушти 13. минути пред крајот. Оваа вест ја потврди и менаџерот на Саутемптон, Ралф Хазенхутл.
Екипата на Ливерпул за три дена ја очекува најголемото дерби во англискиот фудбал, против Манчестер јунајтед, и во таборот на „црвените“ се надеваат дека нема да има позитивни случаи.
Оваа вест доаѓа во време кога се погласни се повиците за прекин на Премиер лигата и дека не морално да се игра фудбал кога целата држава е во карантин.