Минатото лето Јувентус и Барселона си разменија играчи. На „Камп Ноу“ замина Миралем Пјаниќ, а во Торино Артур. Сега, според медиумите би можело да има нова размена помеѓу овие два клуба.
Според „Кориере дело Спорт“ во Барселона би можел да замине Пауло Дибала, а во Јувентус да се пресели Антоан Гризман. Французинот е големо разочарување во Барса, иако е платен 120 милиони евра. Од друга странам Дибала е во лоша форма. Често пати е надвор од теренот, па се погласни се шпекулациите за негово заминување.