Полицијата ги идентификувала и поднела кривични пријави против три лица осомничени за палење на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал. Тие ќе одговарат според член 181 од Кривичниот законик, заради повреда на угледот на странска држава, за која е предвидена парична или казна затвор до 3 години.
За инцидентите во Вевчани, три прекршочни и една кривична пријава заработи и Ѓоко Влајнкиноски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани.
„Обвинет сум за загрозување на здравјето на граѓанте за време на епидемија. На прашањето мое, со што сум го загрозил здрвајето на граѓаните, ми беше кажано дека сум учествувал во прослава и дека сум повикувал други граѓани на групно славење. Јас останав збунет, знаев дека во Вевчани нема никаква прослава“, изјавил Ѓоко Влајнкиноски за Алфа ТВ.
Прекршочните пријави се однесуваат за омаложување и навредување на полициски службеник во вршење на служба, неовластено снимање и неносење маска.
„Единствено за што можат да ме теретат, е неносење маска“, додава Влајнкиноски.
Тој ја обвинува власта за политички прогон затоа што ништо лошо не направил.
„Она што длабоко пече и боли е лицемерието на власта од СДСМ кое драстично се разликува од случај во случај, тврди Влајнкиноски