Од вечерва на полноќ ќе има ново поевтинување на горивата. Ова го најави првиот човек на РКЕ Марко Бислимовски.

-Во последните две-три недели, пред се заради паѓање на цената на нафтените деривати на светските берзи, како и поради намалување на курсот на доларот, РКЕ ја намали цената на горивата за повеќе од 30 денари. И денеска ќе има намалување на дизелот за 1,5 денар по литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 исто за 1,5 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 за еден денар. Секогаш повикуваме да се верува на институциите. Нашите одлуки се базирани на методологии. Очекувам тие што ме ставија на билборди јавно да се извинат и да престанат со неосновани напади врз РКЕ, рече денеска Бислимовски на прес-конференција.