Политичките партии не превземаат чекори за продолжување на преговорите за Изборниот законик. Тие постојано констатираат дека се потребни дискусии и преговори за евентуално спроведување на моделот со една единица, но никако да седнат и да се договорат за тоа.
Ниту една страна не презема иницијатива за средба меѓу партиите и надлежните институции на која ќе се расправа за Изборниот законик, вклучувајќи го и предлогот на помалите партии за една изборна единица.
Коалициските партнери на СДСМ, Демократскиот сојуз, Демократската обнова на Македонија, ВМРО-Народна и други, побараа за прашањето за промена на изборниот модел да се расправа до средината на април, во спротивно ќе се повлечат од парламентарното мнозинство.